Деновиве медиумскиот “магнат”, за каков во последно време ни беше промовиран, контраверзниот Бојан Јовановски, познат како “ Боки 13”, човекот кој кога сака(ше) беше машко, кога сакаше женско, кој со години ја замајуваше не само македонската јавност, туку и јавноста во соседните држави, риалити играч од “Фарма “, човекот кој имаше неостварена желба да ги брани боите на Македонија на Евровизија, најпосакуваната машко – женска фигура на познатите машко женски спонзоруши… на Македонија, со својата “ рекет “ афера и удри таков , со тениски реченик речено АС “удар” на кој може да му позавиди дури и феноменалниот светски тенисер, Новак Џоковиќ.
Од “ Ас ударот “ на Боки 13 тешко ќе се опорави не само СЈО туку и Кабинетот на Зоран Заев.
Со аферата “ Рекет “, во која се вмешани како што се шпекулура во јавноста “ Боки, Кики, Рики, Фрики “ му оставам да ја решаваат надлежните истражни органи и обвинителката Вилма Рускоска.
Но тоа што во оваа прилика сакам да го потенцирам е тоа што не погодува нас медиумите и што после оваа афера со “ рекет рекламирањето “ и финансирањето на медиумите.и нас како медиуми ни е зададен директен удар, од кој тешко ќе се опоравиме
Случајот со 1ТВ по се потсетува на формирањето, постоењето и краткотрајното работење на ТВ Нова.
Постојат основани сомненија дека 1 ТВ беше формиарна по истите принципи како и ТВ Нова.
Судбината на ТВ Нова ја знаеме. Телевизијата на контраверзниот бизнисмен Исмет Кочан замина во стечај, а сопствеикот Кочан наскоро треба да оди на одлежување на затвирската казна од над 4,5 години.
Дали и 1 ТВ ќе доживее иста судбина и Боки 13 ќе му прави друштво во Идризово на Кочан, останува да се види.
Засега останува само непознато дали 1 ТВ беше “партиско чедо “ на власта како и ТВ Нова на ВМРО ДПМНЕ, или пак се работеше за “тајкунско партиско новороденче” За тоа ќе покаже времето.
Кога станува збор за работата на ТВ Нова и 1ТВ едно што е заедничко е што и двете телевизии веднаш по појавувањето на медиумскиот простор од страна на некои луѓе блиски до власта, на јавноста им беа продадени како исклучително квалитетни професионални медиуми, со голем број вработени, професионален кадар,квалитени и добро платени новинари, најсовремена техника, одлични камермани, режисери, презентери, технички кадар.
Без да се има трпение да се види каква уредувачка политика и програма тие ќе им понудат на граѓаните, веднаш истите беа прифаќани и финансиски поддржувани од власта, државните претпријатија, јавните установи, општините и тајкунските рекламери.
Како во ТВ Нова така и во 1ТВ беа вдомени десетици “угледни “ новинари и медиусмки работници, кои за високите хонорари кои ги добиваа, ни продаваа евтини, но скапо платени приказни.
Додека најголемиот број од новинарите во другите медиуми се бореа за гола егзистенција и за најблаго речено голо преживување, сопствениците и вработените на ТВ Нова и 1 ТВ глумеа лудило.
Во сличен филм во Битола живееја и вработените во ТВ “ Мега “, која беше испостава на ТВ Нова и која почна да работи во битолската Касарна, каде покрај реновирањето на зградата, еден битолски инвеститор им изгради прекрасни студија, а долго време и битолскиот ТВ Пинк, каков што се прикажуваше ТВ “Орбис” живееше на висока нога и од скапо платените владини и партиски реклами.
Во овие две телевизии упатените велат дека се истурија милиони општински и владини пари.
Упатените велат дека најголемиот дел од парите на жиро сметките доаѓаа директно по инструкции и наредби од партиското седиште на ВМРО ДПМНЕ и генералниот секретар Кирил Божиновски.
Јавна тајна беше дека функционирањето на ТВ Мега во Битола не беше грижа на екс директорот Миодраг Нечак – Микс, туку на Кирил Божиновски екс градоначалникот Владимир Талески и неговата десна рака Слободан Бончановски.
Додека за другите медиуми во Битола немаше ни трошки, за нив мораше да има пари.
Сите наши спротиставувања зошто за нив се издвојуваат толкави големи пари наидуваа на ѕид молчење и препорака да се обратиме на вистинската адреса, а таа е кај Кирил Божиновски во Скопје.
Иако ТВ ТВ Нова, “Мега” и “Орбис” добиваа огромни пари како од Владата, исто така и од Општината, тие згаснаа и заминаа во стечај, без притоа јавноста да дознае каде отидоа огромните пари платени за “медиумско рекламирање”.
Сега, откако изби аферата “ Рекет “ на виделина излегоа некои работи, дека познати битолски бизнисмени, кои, кога станува збор за рекламирање во битолски медиуми, постојано немаат пари, бидејќи наводно едвај опстојувале, а гледаме истурале големи пари за “рекламирање” во 1 ТВ сега и претходно на ТВ Нова.
Дали тие огромни суми пари ги давале доброволно, или под присила, ним им е познато. Но тоа што јас го знам е дека тие во битолските медиуми, освем во одредени исклучоци, со години не дале ни еден скршен денар.
Тоа што посебно иритира во оваа ситуација, по аферата “ Рекет “ е што во Битола во последно време битолските локални медиуми се едноставно оставени на милост и не милост и самите да снајдуваат како да преживеат.
Во таква ситуација е и Битолски весник.
Иако на локалната самоуправа не и е забрането да се рекламира во печатените медиуми, сепак Општината Битола и по неколку месеци не склучува договор за соработка со Битолски весник.
Слична е ситуацијата и со некои, установи јавни претпријатија, државни институции.
Сето тоа доста негативно се одразува на (не)функционирањето не само на Битолски весник, туку и на останатите локални медиуми во Битола.
Со ваква, или слична состојба, се среќаваат и останатите медиуми, кои едвај крпат крај со почеток на месецот.
Состојбата во Битола со медиумите е не само загрижувачка туку и би рекол алармантна.
Додека во претходниот период во Битолски весник, Радио Битола,ТВ Тера, Орбис, ТВ Мега, комерцијалните радија, работеа над стотина вработени кои редовно земаа пристојни плати и ги уживаа сите бенифиции на вработените, сега во сите медиуми кои опстојуваат на медиусмкиот Пазар, едвај работат само десетина новинари.
Но и за нив нема пари и тие едноставно преживуваат.
Крајно време е таквата состојба да се смени.
Битолските фирми, кои имаат седишта во Битола и надвор од градот, а своите приходи ги заработуваат во овој град, како и локалната самоуправа мора да најдат начин не за финасирање, туку за егзистирање на битолските медиуми.
Во општетсво како нашето, каде пазарната економија е мислена именка, не може само медиумите да бидат оставени на пазарот и самите да се снајдуваат за своето опстанување.
Надлежните мора да знаат дека со тоа што најголемиот број од институциите си вработија портпароли не го решија проблемот со информирањето.
Доколку вака продолжат работите ке дојде време кога и портпаролите своите соопштениј а наместо во медиумите ќе мора да ги објавуваат на своите службени или приватни Фејзбук профили.
Повиканите имаат општествена одговорност да с егрижат за медиумите и нивното опстојување, зашто јавноста има право на професионално, квалитетно, непристрасно и непартиско информирање.
Впрочем медиумите и новинарите во Битола во своите медиуми не пишуваат за себе туку за активностите, резултатите, успесите или неуспесите на тие кои се плаќани од народни пари.
Во спротивно во Битола ќе завладее медиумски мрак, од кој тешко ќе прогледаме.
Битолските медиуми и новинари тие кои моментно ја извршуваат својата професионална професија енергично се залагаат за расчистување на сите криминали во медиумите и еднаш за секогаш да се стави крај на криминалот во медиумите, кои се претворија во партиски мегафони и кои наместо да ја информираат, ја дезинформираат јавноста.
Но не можат локалните медиуми да бидат виновни што во минатото а и сега со т.н. “рекет “ рекламирање кај поединци се истураат огромни пари, а кај нив ни денар.
Време е вистината да излезе на виделина. Што побрзо тоа подобро за сите.
Менде Младеновски