Home / Uncategorized / Телевизиите како пералници на пари

Телевизиите како пералници на пари

Како што стојат работите телевизијата 1 ТВ ке ја доживее истата судбина на ТВ Нова.

Двете телевизии имаа(т) иста судбина, По Сеад Кочан и вториот газда на медиум, Боки 13 заглави в затвор.

Со оглед на тоа што голем број од новинарите ја напуштаат 1 ТВ најверјатно и таа ќе згасни.

Тоа што е карактеристично двете телевизии, кои беа партиски служеа како пералници за пари.

Тие главно беа спонзорирани со државни пари и средства од неколкумина тајкуни.

Иако беа најавувани како најмодерни и најмокни телевизии во кои се истураат милиони, ТВ Нова згасна, а наскоро се очекува да згасне и 1 ТВ.

Во изградбата и финансирањето на двете телевизии беше вклучен еден познат битолски тајкун, кој додека за битолските медиуми не даваше ни еден денар за нив истураше милиони евра.

На тој начин беше изградена и финансирана ТВ Мега во битолската Касарна , која подоцна згасна,а беше финансирана со општински пари и пари блиски до тогашната власт.

Упатените во состојбите во медиумите добро се сеќаваат дека на сличен начин беше финансирана и ТВ Орбис, која на чуден начин замина во стечај.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*