Don't Miss
Home / Култура / Тереза Салгуеро главна ѕвезда на фестивалот „Музика од Светот“ во Битола

Тереза Салгуеро главна ѕвезда на фестивалот „Музика од Светот“ во Битола

Португалската пејачка Тереза Салгуеро ќе биде главна музичка ѕвезда на осмото издание на фестивалот „Музика од Светот“  чиј организатор и домаќин е НУ Центар за култура-Битола.

Директорот на Центарот за култура, Борче Димитровски и селекторот на фестивалот Оловер Јосифовски, соопштија дека по Наташа Атлас, Ришард Галијано и Раби Абукалил, годинава на фестивалот „Музика од Светот“ ќе настапи Тереза Салгуеро која слави 30 години лична музича кариера.

– Фестивалот ќе почне на 5 ноември со настап на португалската дива со импозантна кариера Тереза Салгуеро. Одбележувањето на нејзината светска кариера Салгуеро го поврза и со градот Битола и тоа е големо признание за нашиот фестивал. Салгуеро настапувала со групата „Мадредеуш“, соработувала со познатиот композитор Збигњев Прајснер, соработувала и со Хозе Карерас, настапувала низ цел свет, минатиот месец беше во Хелсинки, а следната дестинација и е Битола, потврди Димитровски.

Според фестивалската програма на  шести ноември во соработка со турскиот културен центар „Јунус Емре“ и Дирекцијата за култура и уметност ќе биде организиран концерт на Карсу Домнес, холанѓанка со турско потекло, талентирана пијанистка, но и концерт на The New Spark Jazz Orchestra-Balkan на кој ќе настапат 15 жени од Балканот промотори на родовата еднаквост и поттикнувачи за зголемување на бројот на жени музичари и композитори.

Фестивалот „Музика од Светот“ секоја година се одржува под покровителство на Министерството за култура.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*