Don't Miss
Home / Вести / Тешки меѓусебни обвинувања меѓу градоначалникот Коњановски и претседателката на Советот Габриела Илиевска

Тешки меѓусебни обвинувања меѓу градоначалникот Коњановски и претседателката на Советот Габриела Илиевска

Политичката криза меѓу градоначалникот на Битола, Тони Коњановски и претседателката на Советот, Габриела  Илиевска продолжува..

Денеска градоначалникот Тони Коњановски на Фејсбук повика на итно свикување вонредна седница на Советот  и ја обвини Илиевска дека веќе еден месец не закажува седница на Советот.

-Измина половина месец мај, а претседателката, иако треба да се грижи за организацијата и работата на Советот, очигледно ја заборавила својата должност. Ова е дополнителна потврда за несериозноста и неодговорноста кон граѓаните кои и ја дале својата доверба, за да може, преку Советот, да се иницираат промени и да се реализираат проекти. Се наоѓаме во период на полн ек на градежната сезона, како и период во кој имаме можност за обезбедување финансиски средства од меѓународни фондови за реализација на проекти од витална важност за Битола. Од крајна итност е донесување на Одлука за изградба на велосипедски патеки, за да може да се пристапи кон издавање на одобрение за градење и реализација на овој проект оваа градежна сезона. Потребно е Советот да донесе одлука и за аплицирање за финансиска поддршка од УНДП, вклучувајќи и општинско кофинансирање за Проектот: Каскадно уредување на коритото на реката Драгор. Советот неопходно е да го усвои и извештајот изготвен од Комисијата за проценка на штети од минатогодишните поплави, за да може граѓаните кои пријавиле штети да бидат соодветно обесштетени. Администрацијата ја заврши својата работа, на ред е Советот-напиша на Фејсбук градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

На ваквиот фејсбук статус претседателката на Советот, Габриела Илиевска му одговори со  жестоки обвинувања за работата на градоначалникот Коњановски и  го обвини  него дека тој работи  само за свои лични интереси и само за неколкумина.

-Читам од сабајле, градоначалникот на ФБ бара да се одржело седница?! Ама не сум изненадена оти пред помалку од еден месец насилно  “истераа” седница, па можи не знај градоначалникот која е процедурата за свикување и одржување на една седница на Совет. Срамота е на ФБ да се покажват јунаштини. Да Ви беше гајле за Битола и за проектите денес низ град ќе имаше нови камиони за ѓубре, видлив нов парк “по димензиите од проектот”, нови паркинг места и уреден простор секаде кај шо се турнаа гаражите, немаше да вработвате по список од партија, немаше да делите пари на роднини и пријатели, немаше да ви смета шо има три независни советници кои една и пол година ве молеа да работите и со кои заради “кучињата низ град” се скаравте. Да ви беше гајле за Битола немаше да потрошите 40 милиони за култура, а низ градот една нова канта и клупа нема клаено или шо би рекол колегата Иван Чулакоски дури фекалии течат по улици ние играме и пејме. Никој не Ви смета да работите, со тајни договори заради лични интереси на секоја седница “наоѓавте чаре” да ви помини нешто.

Освен сликање и пеење во Офицерски друго ништо нема видливо во градот.

А кога сме кај сериозноста, да ја имавте, немаше да си играте со довербата која ја добивте од битолчани. И не ги замарајте луѓето со вашата неспособност за соработка, ние сите сме избрани за да работиме за доброто на битолчани, за жал Вие одбравте да работите за лични интереси на неколкумина- стои во  реакцијата на  претседателката на Советот на Битола,  Габриела Илиевска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*