Осумина осомничени за криминал во Државната лотарија. Меѓу нив поранешен премиер, екс вицепремиер, поранешен генерален секретар и директор. Полициски екипи утрово извршиле претреси на девет локации во скопско и во кумановско. Двајца од осомничените се надвор од државата.
Неофицијално, поранешниот вицепремиер Артан Груби и екс директорот на државна лотарија Прпетим Бајрами се сомничат за сторен криминал при набавката на апарати за коцкање со која буџетот бил оштетен буџетот за речиси 12 милиони евра. Од порачани 825 апарати, инсталирани биле околу 300, а останатите не биле во функција.
Во меѓувреме, цели седум години без лиценца Лотарија, овозможувала онлајн обложување. Постапка е отворена и против царински службеници на граничниот премин кон Косово кои, како што вели, вчера наутро направиле големи пропусти.
Од Јавното обвинителство пак велат дека истрага се води против шест лица кои ја искористиле својата позиција и намерно нанеле штета на акционерското друштво.
–Првоосомничениот делото го сторил во својство на претседател на Управниот одбор – Генерален директор на “Државна лотарија”, додека второосомничениот презел дејствија во својство на одговорно лице – претседавач со седница на Влада одржана во својство на собрание на Акционерско друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија. Останатите четворица осомничени биле претседател и членови на комисија за два одделни јавни повици.
Повеќе информации на линкот
https://24.mk/details/toshkovski-istragi-protiv-eks-vladini-funkcioneri