Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави во неделата дека милиони гласови коишто ги добила неговата противкандидатка Хилари Клинтон на изборите од 8-ми ноември биле незаконски.
Републиканскиот кандидат Доналд Трамп победи пред демократската противкандидатка Хилари Клинтон освојувајќи 306 од ткн електори од сојузните држави, а за победа според американскиот систем на гласање потребни се 270 вакви гласови кои се определуваат според окрузите во кои се гласа во сојузните држави за Конгресот.
Од друга страна, Клинтон освоила над два милиона гласови на обичните избирачи повеќе од Трамп.
-Покрај тоа што јас со катастрофален резултат ја победив во изборниот коле, јас исто така ја победив и на општите избори (гласовите на избирачите –з .р.), ако се одземат милионите лица кои гласале незаконски“, напиша Трамп на Twitter.
Републиканците, инаку, редовно ги обвинуваат демократите дека на изборите ги користат ткн „мртви души“ и оти пријавуваат за гласање за лица кои не се државјани на САД. Демократите, како и федералните и локалните власти, па, тврдат дека нема докази за масовно нарушување на изборите.
Во токот на изминатата половина декада во САД на суд дојдоа неколку десетици случаи за нарушување на изборите во кои се проблематизираа вкупно повеќе од милијарда гласачки ливчиња.