Don't Miss
Home / Uncategorized / Три илјади вработени на предновогодишната спектакуларна забава на “Кромберг и Шуберт“

Три илјади вработени на предновогодишната спектакуларна забава на “Кромберг и Шуберт“

 

Вистинско уживање предизвика настапот на популарната музичка ѕвезда Наташа Беквалац. 

Три илјади вработени се забавуваа во ресторанот “Гранд Премиер“ во Битола. 

Веќе се навикнавме на сите забави кои “Кромберг и Шуберт“  Македонија ДООЕЛ Битола ги организира за своите вработени, но сигурни сме дека иновативниот дух на организацискиот тим никогаш не спие.

На 23. декември беше повторно организирана предновогодишната забава во познатиот, а воедно и најголем ресторан во Битола “Гранд Премиер“,  каде што сите вработени или членови на големото КРОШУ семејство, како што велат тие самите, се забавуваа и прославуваа за уште една успешно завршена година.

Многу нови проекти, како и тие кои успешно беа завршени во 2016 година, беа доволна причина за прослава и подготвување за новите предизвици со позитивна енергија за Новата 2017 година.

Тимот на Кромберг и Шуберт Македонија, уште еднаш, по којзнае кој пат, ги изненади своите вработени со настап кој тие искрено “не ни помислувале дека ќе се случи“.

Имено, дел од менаџерскиот тим облечени во костуми инспирирани од новогодишната магија, подготви поворка која продефилира меѓу сите вработени и им измами насмевка на безмалку сите присутни во салата на овогодишната “КРОШУ куќичка на радоста“.

-Секоја година и на секоја забава има нешто иновативно и крајно неочекувано од страна на нашите менаџери, така што повеќе не знаеме какво изненадување да очекуваме. Искрено се откажавме од погодување што може да биде изненадувањето бидејќи навистина се непредвидливи- изјави една од вработените кои беа присутни на предновогодишната забава во Битола.

Но тоа беше само почеток. Откако групата “Деспина“  ја отвори музичката програма и ги развесели присутните со староградски традиционални песни, вистинско уживање за око и уво беше настапот на популарната музичка ѕвезда од Србија, Наташа Беквалац.

Вработените речиси и да не сакаа да си заминат по завршувањето на забавата, бидејќи позитивната енергија се чувствуваше “до кај Саатот“, што би рекле битолчани.

-Веќе сме повеќе од три илјади вработени со тенденција оваа бројка уште повеќе да се зголемува и ќе направиме се за нашите вработени да се чувствуваат како дел од едно семејство. Секој сака да припаѓа некаде и не доаѓаме на работа само да изработиме осум  часа и да се вратиме дома. Ние навистина сакаме да поминуваме време заедно-  беше дел од изјавата која ја даде еден од членовите на менаџментот на “Кромберг и Шуберт“ Македонија .

Исто така во овој германски гигант во  тек е изградба на екстензијата на производствениот погон за новите проекти за кои е планирано да се вработат дополнителни 1500 вработени.

-Нашето големо КРОШУ семејство постојано расте, а со тоа се докажува и квалитетот на нашата работа кој е признаен од нашите клиенти, како и од централата на групацијата КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ. Возбудени сме за новите предизвици, за новиот почеток и ќе направиме се за оваа успешна КРОШУ приказна да продолжи и понатаму- оптимистички изјавуваат  од менаџерскиот тим на “Кромберг и Шуберт“ Македонија ДООЕЛ Битола.

 

 

 

Подготвил: Васка М.Младеновска

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*