Don't Miss
Home / Вести / Улицата кај бoлницата “Плодност“ опасна за возачите

Улицата кај бoлницата “Плодност“ опасна за возачите

Улицата кај болницата “ Плодност “ која подолго време е во очајна состојба веќе станува опасна за возачите.

На оваа улица, која со месеци е оставена раскопана никој од локалната самоуправа не реагира.

Таа е оставена едноставно да пропаѓа.

Возачите кои се движат по оваа улица навистина мака мачат како да се разминат.

Не ретко тие едвај избегнуваат да не се судрат.

Оваа укица е во ваква состојба откако на водовната мрежа работеше фирмата “ Жикол “ од Струмица, која откако ја смени водоводната мрежа едноставно ја остави улицата раскопана.

Од локалната самоправа не ја (по)праваат улицата затоа што наводно за истата немала проект.

Возачите кои се движат по улицата реагираат. Посебно се вчудоневидени луѓето кои доаѓаат во болницата “ Плодност “ од другите градови на тестирање или прегледи.

Во таква ситуација сопственикот на болницата “ Плодност “ изразил подготвеност на свој трошак да ја асфалтира улицата, но тоа не смеел да го направи без проект и согласност на локалната самоуправа.

Навистина чудна е оваа состојба, една улица која се наоѓа во најелитниот дел на Битола, кој битолчани го нарекуваат Битолско Водно да има ваква улица, која е резил за градот, кој се нарекува конзуслки град.

Во моментот кога во Битола на повеќе локации се изведуваат инфраструктурни зафати навистина е чудно да не се санира оваа мошне прометна улица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*