Don't Miss
Home / Политика / Унија на млади сили: ВМРО-ДПМНЕ е партија која му дава шанса на младите

Унија на млади сили: ВМРО-ДПМНЕ е партија која му дава шанса на младите

-ВМРО-ДПМНЕ е народна партија која секогаш им укажува доверба на младите и им дава шанса да ги покажат своите капацитети. Сите политики на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се директно или индиректно насочени кон обезбедување подобри услови за младите, подобро образование и вработување-изјави денеска на прес во општинскиот Комитет на владејачката партија, Бојан Димовски, претседател на Унијата на млади сили.
Димовски информираше дека многумина  млади битолчани  ги контактирале деновиве  со желба да се зачленат во ВМРО-ДПМНЕ или на било каков начин да се вклучат и придонесат во развојните политики на партијата.
-Унијата на млади сили е вистинското место за насочување на таквата енергија на младите.
Статутарно , секој млад човек уште од средношколските денови до 28 години може да се вклучи и со своите креативни идеи да придонесе во подобрувањето на животот на младите.
Сите сте сведоци дека многу предлози на нашите млади членови и поддржувачи , веќе станале дел од законски решенија и реформските политики на Владата.
За таа цел новоименуваниот Општински Комитет на Унијата на млади сили во Битола, согласно своите програмски определби, објавува јавен повик со посебен акцент на почитување на принципите на транспарентност и еднакви можности за сите.
Првиот повик е за членови на Комисии по одредени области: информатика, право, економија, спорт, здравство, образование,односи со јавност,безбедности и сообраќај,култура,труд и социјална политика, животна средина и маркетинг. Овде е посебно изразена политиката на отворени врати и граѓанскиот аспект на политичко ангажирање : затоа кандидатите за членови на Комисиите не мора да бидат и членови на ВМРО-ДПМНЕ. Во следниот период етапно ќе бидат објавени и повици за избор на претседатели на Месни комитети на УМС . Во првиот повик се опфатени 16 МК.  Напоменувам дека актуелните претседатели на Месните комитети на УМС имаат подеднакви шанси повторно да бидат избрани- истакна Бојан Димовски, претседател на Унијата на млади сили.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*