Само што лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски ги најави реформите во партијата, на политичката сцена се јавија членови на партијата, кои побараа реформи во ВМРО ДПМНЕ.
Легитимирајќи се во јавноста како членови на Републичкиот изборен штаб за реформи на ВМРО ДПМНЕ, членови на ВМРО-ДПМНЕ, поранешни и сегашни државни и партиски функционери, кои во изминатиот период не биле во првите истурени редови на партијата бараат измени на Статутот на партијата, кој според нив бил целосно недемократски и бараат негова промена, со цел да се демократизира партијата, за што побрзо вракање на власт.
„Статутот на ВМРО-ДПМНЕ низа години еволуира. Еден статус бил пред 1998 година, потоа полека се менувал, а сега е Статутот целосно недемократски. Ние бараме демократизација, не бараме ниту одмазди, ниту реваншизми, ниту против некого сме се насочиле. Членството ке си одлучува кои ке бидат функционери на партијата и како таа ќе оди напред. Демократизација на Статутот како предуслов за демократизирање и вракање на партијата на власт” – изјави Александар Михајловски од ВМРО-ДПМНЕ.
Иницјаторите за реформи на партијата побараа и ограничување на надлежноста на претседателот на партијата, со тоа сметаат ќе се спречи централизирање на мокта во еден човек, нешто што досега било пракса. Токму тоа била и главната причина што нивната партија од победничка станала најголем губитник.
„Дел од реформите се и дефинирање на можностите на претседателот на партијата предвидување на тела, како претседател на централен комитет, на извршен комитет, да начин да не се доведеме никогаш во позиција да се централизира мокта на едно место” – изјави Михајловски.
Тие најавија нови активности за што поголема мобилизација на членството, додека координаторот Михајловски посочи дека е убеден оти иницијативата ќе добие поддршка и од партискиот лидер Никола Груевски. Тој рече дека оваа иницијатива не е против никого или за некого, туку само за демократско избирање на партиските функционери и го повика членството да ги поддржат.
На ваквата иницијатива веднаш со соопштение се огласи раководството на партијата.
-ВМРО-ДПМНЕ е демократска и модерна партија која им дава подеднаква можност на сите нејзини членови да дејствуваат во рамките на Статутот на организацијата и да учествуваат активно во креирањето политики.Лага во функција на туѓ интерес е дека Статутот на ВМРО-ДПМНЕ е недемократски. Статутот на ВМРО-ДПМНЕ е истиот според кој самопрогласените реформатори биле бирани во минатото на позиции во комисии и општински штабови во партијата, а некои од нив истите ги извршуваат до ден денес.Причините за незадоволството на оваа мала група се чисто лукративни, а не демократски. Затоа, повикот за „реформи” не дојде ни по победите во 2006, 2008, 2011 или 2014 година, туку токму сега кога дел од нив се соочуваат со веројатна промена од работните позиции на кои се наоѓаат и прекин на месечниот паушал кој го примаат, поради промената на власта во Македонија. Тоа значи дека како и во минатото, така и денес има луѓе кои од лукративни причини измислуваат т.н. демократски повод чија причина е да создадат раздор во партијата и да одработуваат за туѓи интереси.Колку е апсурдно барањето за реформи, говори и фактот што неколкумината незадоволни потврдуваат дека политиките на актуелното раководство доведоа до тоа партијата 11 години по ред да ја добива поддршката од народот на избори и како што и самите велат, во моментов да биде најмокната партија. Тоа што им пречи на неколкумината незадоволни е фактот дека ВМРО-ДПМНЕ следејки ги принципиелните политики и волјата на гласачите се одлучи да не влегува во непринципиелни коалиции за формирање на Влада во кои би се правеле договори на штета на иднината на Република Македонија. Алчноста за функции на поединци не може да премине преку оваа вистина.Вакви луѓе немаат ниту кредибилитет, ниту капацитет да бидат реформатори. Неколку функционери незадоволни од својата кариера во партијата со слаби резултати може да предлагаат и повикуваат на реформи, но тоа се прави во процедура која им е добро позната, со обракање до соодветните партиски тела кои секогаш сослушувале било какви иницијативи и предлози. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ нема пораз на последните 10 изборни циклуси по ред.Прескокнувањето на сите партиски процедури и јавното навредување и квалификување на ВМРО-ДПМНЕ како недемократска партија е повреда на угледот и честа на партијата, се вели во соопштение на партијата.
Многумина во ВМРО ДПМНЕ сметаат дека и оваа иницијатива на групата за реформи во партијата ќе помине како и иницијативниот одбор за реформи во партијата која ја почнаа Кекеновски, Лазаревиќ и неколкумина други нивни поддржувачи, кои својата борба за преземање на партијата ја најавија на прес конференција во Белград.
Иако тие тогаш најавија жестока битка за преземање на партијата речиси ништо не направија и освем за саморекламирање не успеаја да направат речиси никакви потреси во партијата.
Во ВМРО ДПМНЕ сметаат дека исто ќе поминат и сегашните актуелни “јаничари” кои себеси се промовираат како реформатори и кои мислат дека сега е моментот за преземање на партијата.