Don't Miss
Home / Градска хроника / Уште само три дена за легализација на бесправните објекти

Уште само три дена за легализација на бесправните објекти

На 30 јуни истекува крајниот рок  за легализација на бесправните објекти и утврдување на правниот статус на објектите чии барања биле одбиени.

Според соопштението на Општината Битола врз основа на член 2 од Законот за измени и дополнувања на Законот за постапување со бесправно изградени објекти („Сл.весник на РМ” бр. 190/17), Општина Битола ги известува сите правни и физички лица од подрачјето на општина Битола, иматели на бесправен објект, на кои заклучно со 03.03.2011 година, се изведени градежните и инсталатерски работи во целост и истите претставуваат градежна и функционална целина, дека можат да поднесат барања за утврдување на правниот статус на бесправен објект до 31.12.2018 година.

Барателите на кои до започнувањето на примената на наведениот закон, им било одбиено барањето, поради некомплетност, можат да поднесат ново барање за утврдување на правниот статус на бесправен објект, заклучно со 30.06.2018 година.

Барателите кои немаат доставено геодетски елаборати за утврдување на фактичка состојба на бесправен објект, можат да достават геодетски елаборати за утврдување на фактичка состојба на бесправен објект, заклучно со 30.06.2018 година, стои во соопштението на Општина Битола.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*