Don't Miss
Home / Спорт / Успешно одржан 4. Летен тренинг на плажа 2015

Успешно одржан 4. Летен тренинг на плажа 2015

И оваа година, традиционално, четврти пат по ред, двократниот светски првак во екстремна самоодбрана и главен тренер во Top Fitness System, Дијана Неделковска го одржа Летниот тренинг на плажа.

Плажата на “Pizza Bar Beach“ во Претор на Преспанското езеро беше премала  да ги прими сите посетители, рекреативци и спортисти кои зедоа учество на овој еднодневен настан.

Оваа година фокусна точка беше промоцијата на уникатната фитнес програма TFS *[Top Fitness System] чиј креатор е Дијана Неделковска по долгогодишна напорна работа и истражување на ова поле, а беа претставени и инструктори во своите области како Петар Христовски со Boot camp, Елизабета Стојаноска со Зумба, Марта Недановска Боцева со Пилатес, додека за атмосферата се погрижи Диџеј Фани. Умната работилница Клик беа новитет кој се погрижија за анимирање на најмладите посетители.

11112546_975083792536608_4419522859236337554_o

-Секоја година, па и оваа се трудиме да одржиме неколку параметри на квалитет, квантитетот никогаш не ни бил проблем. Прво, најбитно ни е содржината да е компактна и шаренолика, за секого да има по нешто, да има ритам кој може да се следи и од страна на посетителите кои не се активни спортисти но и оние кои секогаш сакаат нешто повеќе. Второ, секоја година имаме новитет кој станува дел од традицијата. Оваа година им се посветивме на најмладите и музичката основа. Имаме голем број на млади рекреативци кои едноставно се тука со своите родители за забава, за нив од оваа година имаме и посебна паралелна програма, битно е сите во склоп на тие 6 часа да бидат анимирани. Од оваа година новитет е и диџеј кој на наша покана го прави изборот и изворот на забавата-вели Неделковска.

Помагателите по традиција и оваа година нескромно го дадоа својот придонес во уште еден елемент кој е традиционален на овој настан. Истиот остана отворен за сите добронамерници, имаше организирано превоз и секој учесник се здоби со брендирана маичка од настанот и освежување.

– Ова е настан кој како што сум и кажала многу пати до сега има во основа две цели. Прво да покажеме дека летниот одмор не е пасивно лежење во хоризонтала на плажа, како што и не е настан за кој се подготвуваме неколку месеци пред летото. И со физичка активност летниот одмор може да биде забавен. Второ ова е своевиден собир и на сите членови на Академијата за боречки вештини “ЗА НЕД ДО” пред почетокот на летниот распуст кој оваа година ќе биде во скратена форма бидејќи не очекува Светското првенство во Германија во октомври- додаде Дијана Неделковска.

По настанот  традиционално се одржа и офф програмата со спортски активности.

 

Б.В.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*