Утревечер во Новаци со почеток во 18 часот ке биде промовиран кандидатот за градоначалник на Новаци и Советничката листа на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата “За подобра Македонија “
На митингот ќе зборува кандидатот за градоначалник на Новаци, Лазар Котевски, на кој ова е му е четврт пат да се кандидира за градоначалник на општината.
Инаку во изминатите три избори Лазар Котевски убедливо победуваше уште во првиот круг.
Многумина сметаат дека така ке биде и овој пат, бидејки сите анкети покажуваат дека Котевски нема конкуренција во Новаци и ја ужива довербата на сите жители на оваа општина.