Don't Miss
Home / Култура / Утревечер спектакуларен концерт на Ван Гог во Битола

Утревечер спектакуларен концерт на Ван Гог во Битола

Утревечер, на античкиот локалитет “Хераклеја“ спектакуларен концерт, во рамки на најсодржајното и најдолго културно лето “Битфест 2015“ ќе одржи еден од најпопуларните регионални рок бендови, ВАН ГОГ , минатогодишни добитници на престижната награда “2014 MTV Europe Music Awards “во категоријата за најдобар регионален изведувач.

Ова големо признание групата „ВАН ГОГ ”, прв пат го добива во 2007 година.
Групата е основана 1986 година. Во февруари 1986 групата го објавува својот промо сингл со песната „Траги на минатото”, а истата година на Младинскиот фестивал во Суботица ја добиваат втората награда од публиката и третата награда од жирито.

ВАН ГОГ најпопуларен рок бенд во регионот

ВАН ГОГ најпопуларен рок бенд во регионот

Кон крајот на 1986 излегува и нивниот деби албум “Ван Гог”. Натаму, следуваат албумите: Свет је мој (ПГП РТБ, 1991), Страст (ПГП РТС, 1993), Трагови прошлости (компилација; ПГП РТС, 1995), Ходи (ПГП РТС, 1996), No Comment (концертен; Метрополис, 1997), Опасан плес (Метрополис, 1999), Happy New Ear (концертен; Метрополис, 2001), DrUnder (Hi Fi Centar, 2002), Коло (ПГП РТС, 2006), Срећно ново (Уживо) (2007), Лавиринт (2009), Неумерен у свему (2013).
Инаку, триото „Ван Гог” Звонимир Ѓукиќ – Ѓуле, Србољуб Радивојевиќ – Срба и Дејан Илиќ – Цвика, втор пат доаѓаат во Битола, тоа го направија во 2009, по излегување на нивниот албум „Лавиринт”, во рамките на манифестацијата „Битола отворен град” односно го означија свеченото финале на “Битфест 2009“.

Концертот на ВАН ГОГ во Битола е во програмата на “Битфест 2015“ со поддршка на Општина Битола.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*