Денес во втора посета на Општина Битола беа претставници на компанија од Словенија со експерти од Франција и Србија кои се во увид на лице место за проектот за изработка на физибилити студија за проект за гондола.
–Се работи за врвни експерти од оваа област кои имаат искуство во изработка на физибилити студии и изградба на гондоли и жичари. Имаат изведно проекти во Србија на Копаоник и неколку европски земји. Експертите ги придружуваа Претседателот на комисијата за туризам Бојан Бојкоски, советниците Иван Чулакоски, Елена Кромидаровска Маховска и Методија Илиевски. Исто така, во посетата ги придружуваше и директорот на хотел Молика Горан Исков. Од увидот на планината експертите беа воодушевени од природните убавини на Пелистер-информираат од Битолската локална самоуправа.
Од Општината Битола додаваат дека периодот кој следува треба да се подготви проектната програма за физибилити студијата која ќе ја дефинира трасата и финансиска конструкција на проектот.