Локалниот лидер на СДСМ и пратеникот Васко Ковачевски, денеска поднесе оставка на пратеничката функција. Ковачевски од пратеник си заминува бидејки е избран за нов генерален директор на РЕК “ Битола“ Оставката на Ковачевски треба да биде потврдена на првата наредна седница на Парламентот.
„Сметам дека ја оправдав довербата на граѓаните, имајќи впредвид дека веќе два мандати сум во Собранието. Причината е учеството во акционерското друштво ЕЛЕМ“, изјави Ковачевски во врска со одлуката на прес-конференција во Собранието. Според него, големата кадровска промена која СДСМ ја имаше во изманатиот период е во интерес граѓаните.
На неговото пратеничко место седнува Самка Ибраимовски.