Don't Miss
Home / Економија / Веропулос отвора втор Џамбо маркет во Битола, инвестиција вредна 1 милион евра

Веропулос отвора втор Џамбо маркет во Битола, инвестиција вредна 1 милион евра

Компанијата „Веропулос“ утре (среда) во Битола ќе го отвори четвртиот „Џамбо“ маркет во земјава. Големото отворање ќе се одбележи со спектакуларна забава  за најмладите, како и со божиќна забава за целото семејство. Маркетот ќе биде отворен од осум часот, а веќе во 11 часот ќе почне забавата со жонглери, одачи на штули, мајстори за моделирање балони и уметници за боење лице, која ќе трае до 17 часот. Од 17 до 20 часот, пак, посетителите ќе можат да уживаат во божиќната забава со колачи и топол чај.

Најновата инвестиција на компанијата „Веропулос“ под брендот „Jumbo“ им се приклучува на постојните три маркети во Скопје, Битола и Тетово. Со неа, „Веропулос“ континуирани продолжува да ја поддржува домашната економија преку соработката со локални добавувачи и партнери, како и со отворање нови работни места за локалното население. Компанијата „Веропулос“ стана сопственик на новата зграда во која е сместен Џамбо маркетот, што ја прави новата инвестиција вредна повеќе од 1 милион евра. Во овој маркет ќе бидат вработени 36 лица, со што вкупната бројка на вработени во компанијата „Веропулос“ во земјава ќе достигне 1.050 лица.

Следејќи ја компаниската стратегија за поддршка на локалните производители, но и за задоволување на потребите на многубројните потрошувачи, во новиот „Џамбо“ маркет ќе може да се најдат препознатливите производи кои се продаваат под овој бренд. Овие производи се наменети за членовите на целото семејство, од најмлади до најстари. Освен најголем избор на производи и услуга со врвен квалитет, „Џамбо“ постојано ќе ги следи желбите на своите потрошувачи и ќе ја креира понудата според нивните потреби.

Од менаџментот на „Веропулос“ истакнуваат дека брендот „Џамбо“ веќе е етаблиран на овој пазар, а бројот на потрошувачи расте од година во година.

– Токму поради оваа причина отворањето на уште еден Џамбо маркет беше неопходно. Џамбо е место за целото семејство, каде што секој член може да најде нешто за себе, а сите заедно поминуваат квалитетно време во дружење. Тоа е и целта на нашите Џамбо маркети. На потрошувачите да им овозможиме да поминат забавно и квалитетно време додека пазаруваат, истовремено задоволувајќи ги нивните специфични барања. Оваа наша нова инвестиција е уште еден доказ за успешното работење на компанијата Веропулос на овој пазар веќе две децении. Но, нема да застанеме тука и за следната година планираме уште проширувања – вели Лукас Бисиас, генерален директор на „Веропулос“ во Македонија.

Според најавите на менаџментот на „Веропулос“, компанијата ќе продолжи со интензивната ескпанзија во земјава и во 2018 година. Во следната година планирано е отворање на нов Веро маркет во скопската општина Карпош, како и големo реновирање и проширување на Веро маркетот во скопската населба Тафталиџе.

Освен на четирите „Џамбо“ маркети, „Веропулос“ во земјава е сопственик и на 11 Веро маркети во три градови. Од нив, 7 маркети се лоцирани во Скопје и по два маркета се во Битола и Тетово.

Компанијата е сопственик на трговскиот центар Веро центар, а ја поседува и франшизата за рестораните за брза храна „Гудис“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*