Home / Вести / Владата и одзема 3,2 ха.на Општина Битола од индустриската зона “ Жабени “

Владата и одзема 3,2 ха.на Општина Битола од индустриската зона “ Жабени “

Советот на Битола, за среда 24 февруари ја закажа 70 седница на која на дневен ред ќе се најде само една точка:

Одлука зa скратување на опфатот на Јужната индустриска зона „ЖАБЕНИ“ –

Со оваа Одлука се врши скратување на опфатот на Јужната индустриска зона „ЖАБЕНИ“ – Општина Битола за површината на градежното земјиште во сопственост на Република Северна Македонија што претставува КП 72/2 и КП 72/3 запишано во имотен лист 386 за КО Породин односно ГП 79 и ГП 80 согласно Измени и дополнувања на УПВНМ за Јужна Индустриска Зона Жабени- Општина Битола со вкупна површина од 31 997 м2, односно скратување од 3,2 хектари од постоечките 85 хектари со кои стопанисува ЈП за стопанисување со Јужна индустриска зона „ЖАБЕНИ“ Битола.

Член 2

Со скратувањето на опфатот на Јужната индустриска зона „ЖАБЕНИ“ – Општина Битола од членот 1 на оваа одлука, ЈП за стопанисување со Јужна индустриска зона „ЖАБЕНИ“ Битола ќе продолжи да стопанисува со останатата површина од 81,8 хектари од градежното земјиште сопственост на Република Северна Македонија во рамките на Јужната индустриска зона „ЖАБЕНИ“ – Општина Битола.

Според неофицијални извори на поратлот на Битолски весник ваквата одлука се носи за реализација на еден македоснки бизнсимен од САД по поткло од Битола кој сака да вложи во Жабени но не во индустриската зона, туку во делот кој ке му го даде Владата како Технолошко развојна иднустриска зона како “Бунарџик“ за која Владата има право да даде доста поволности.

Изградабата на фабриката во то јдел на “Жабени“ се очекува наскоро да биде промовирана.

Се работи за инвестиција од над 7 милиони евра.

СОВЕТ НА ОПШТИНАТА БИТОЛА

Бр. 09-19/1

            22.02.2021 год.

 Б и т о л а

Врз основа на член 26 став 2 од Статутот на Општината Битола („Службен гласник на Општината Битола” бр.10/05, 17/08, 08/19, 14/20 и 19/20) и член 56 од Деловникот на Советот на Општината Битола („Службен гласник на Општината Битола” бр.15/05),  ја

С В И К У В А М

70-тата седница на Советот на Општината Битола за 24.02.2021 година (среда)  со почеток во 10,оо часот.

Седницата ќе се одржи во салата за седници на Советот на Општина Битола, со предлог на следниот         

Д Н Е В Е Н    Р Е Д

  1. Одлука зa скратување на опфатот на Јужната индустриска зона „ЖАБЕНИ“ –

Општина Битола.

Молам за присуство на седницата, а за евентуална спреченост јавете се на телефон 234-234.

            ПРЕТСЕДАТЕЛ

                                                                     на Советот на Општината Битола

                                                                                 Валентин Груевски  

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*