Don't Miss
Home / Uncategorized / Владата предложи итно воведување вонредна состојба

Владата предложи итно воведување вонредна состојба

Владата после денешната седница предлага воведување на вонредна состојба на цела територија на државата поради ширењето на заразата со корона вирусот.

Оваа одлука на Владата ја соопшти техничкиот премиер, Оливер Спасовски на прес конференција и најави вонредни мерки за да се спречи уште поголем пик, односно поголем број на заразени.

-Предлагаме воведување на вонредна состојба веднаш и сега, рече Спасовски.

На денешната седница одлучиле да му предложат на Собранието да прогласи вонредна сосотојба и Спасовски упати апел да се свика законодавниот дом иако е распуштен и да ја донесе оваа одлука. Вели дека уставна и правна можност постои претседателот да прогласи вонредна состојба, само треба волја.

Според Спасовски, ова е прв пат од осамостојувањето на Македонија да се прогласи вонредна состојба и некоја Влада да донесе ваква одлука.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*