Владата на денешната седница усвои решенија за разрешување на членови на сите управните и надзорни одбори на јавните претпријатија, јавните здравствени установи, јавните установи за социјална работа, агенции и други правни лица.
Тие се разрешени со цел да се спречат понатамошни штети по Буџетот од неодговорното однесување на дел од членовите на управните и надзорните одбори на јавните претпријатија, за кои постојат информации дека биле потпишувани штетни менаџерски договори и дека биле именувани луѓе на менаџерски позиции со надоместоци со астрономски износи,
Одлучено е да се отповикаат членови на комисии и членовите на секој надзорен одбор и одбори на директори од акционерските друштва во државна сопственост, а за Регулаторните тела да се достави предлог за разрешување на управните одбори до Собранието.