ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата “ За подобра Македонија “ на предвремените избори освои вкупно 51 мандат, а СДСМ 49 пратенички мендати.
Со тоа за победник на предвремените избори, со над 20.000 гласови пред опозиционата СДСМ е прогласена партијата на ВМРО ДПМНЕ.
Со ова победа за составување на новата влада мандатот ќе го добие лидерот на партијата Никола Груевски, кој ќе треба да состави влада.
По прогласувањето на официјалните резултати од страна на ДИК во сите градови на Републиката членовите на ВМРО ДПМНЕ, симпатизерите почнаа да слават и масовно излегоа на плоштадите.
Победата на ВМРО ДПМНЕ беше еуфорично прославена во Битола, а голем број возила се упатија по битолските улици да ја прослават победата.
Инаку, ВМРО ДПМНЕ вечерва го повика лидерот на СДСМ Зоран Заев да му ја честита победата на ВМРО ДПМНЕ како што вети пред изборите и да си поднесе оставка.
Б.В.