Don't Miss
Home / Uncategorized / ВМРО ДПМНЕ против барањето Владата да издвојува по 2 милиони евра за Битола

ВМРО ДПМНЕ против барањето Владата да издвојува по 2 милиони евра за Битола

И тоа се случува. На последната седница на Советот, советникот на СДСМ, Томе Наумов излезе со предлог Советот на општината Битола да донесе одлука со која ќе бара од Кабинетот на Зоран Заев секоја буџетска година од државниот буџет да се издвојуваат по 2 милиони евра за подобрување на инфраструктурата во Битола.

Интересно е што за ваквиот предлог советниците на владеачкото мнозинство во Советот гласаа против  или воздржано, бидејќи наводно тој предог бил популистички и што во новиот состав во Парламентот власта имала три пратеници од Битола, кои доколку сакаат таквата иницијатива  можат да ја промовираат во парламентот.

Изгледа за советниците на ВМРО ДПМНЕ не е  потребно да се издвојуваат пари од државниот буџет за подобрување на локалната инфраструктура, која е во катастрофална состојба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*