Don't Miss
Home / Uncategorized / ВМРО измислува случаи за починати пациенти

ВМРО измислува случаи за починати пациенти

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска преку својот фејсбк профил им одговори на ВМРО-ДПМНЕ, кои го обвинуваат дека додека луѓе умирале, тој се сончал.

– Здраво ВМРО. Тука сум, во Гостивар и во Скопје, секој ден на работа, ниту еден единствен ден не сум бил на одмор, само за ваша информација. Како второ, кажете која е пациентката што починала од труење на крвта, има ли име и презиме, ако има треба да се пријави во надлежните институции за да се превземаат мерки! Меѓутоа и вие знаете дека нема таков случај. Како трето, вие немате кредибилитет и релевантност да зборите за етика и морал, ве слушавме цела година се што сте местеле, апселе и краделе….место да измислувате приказни за деца, почнете да се реформирате и да ги исчистите своите редови од криминалци и лопови, бидејќи знам дека и меѓу вас има чесни и добри луѓе, кои треба да ја водат конструктивната опозиција. И сосема на крај, ја чекам интерпелацијата, време е – истакна Таравари. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*