Don't Miss
Home / Uncategorized / ВМРО ќе блокира улици во Скопје

ВМРО ќе блокира улици во Скопје

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе блокира крстосници и ќе протестира пред Министерството за правда

Од партијата ВМРО-ДПМНЕ најавуваат дека вчерашните протести пред судот ќе продолжат и денеска во знак на незадоволство против одлуката на судот да им определи мерки притвор на осомничените за упадот во Собранието. Симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ ќе протестираат пред Министерството за правда во 18 часот. Од партијата најавуваат обраќање пред пруситните.

Претходно во период од 15 до 17 часот, членови на партијата ќе ги блокираат крстосниците кај Мавровка, кај Порта Влае, помеѓу Бул. Јане Сандански и Бул. Србија во населбата Ново Лисиче, и крстосницата кај „Рампа“ во населбата Кисела Вода.

„На удар е слободномислечкиот Македонец, СДС се пресметува со сите оние кои се грижат и на кој Македонија им е значајна. Во 21 век имаме брутален политички прогон. Македонија е единственото место во светот каде оперски пејач, режисер, актер, архитект, доктор, и други десетици патриоти треба да одговараат за измислено дело тероризам.Целата оваа хајка е обид да се замолкне опозицијата и да се скрши отпорот против сите антидржавни политики, кои власта ги реализираше во изминатиов период“, велат од партијата.

Од таму ги повикуваат сите граѓани, нивни активисти, симпатизери иподдржувачи да излезат и да изразат поддршка кон патриотите, како што велат, и револт кон политичкиот прогон на власта.

„Во ист момент кога се изготвува закон за ослободување на над 1.000 затвореници, сторители на тешки кривични дела, кога се најавува ослободување на убијците од Смилковско езеро и кога убијци се шетаат слободни по улиците, власта обвинува за наводен тероризам, уметници, режисери, актери, архитекти и лекари“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ денес ќе изврши блокирање на следните крстосници во период од 15 – 17 часот:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*