Don't Miss
Home / Uncategorized / ВМРО нека бара непотизам во своите редови

ВМРО нека бара непотизам во своите редови

  • Во врска со пресот на ВМРО ДПМНЕ со реакција се јавија од СДСМ. Во реакцијата мегу другото се вели.
  • СДСМ не очекува дека во опозициската ВМРО – ДПМНЕ наскоро ќе го разберат терминот “правна држава”, ниту пак дека ќе смогнат сили да расчистат со минатото во кое насилството инепотизмот беа нивна главна одлика. Безобразно и дрско изгледаат обвинувањата за непотизам од луѓе кои цели семејства вдомија во јавни установи и институции. Актуелните пратеници од Битола од редовите на ВМРО – ДПМНЕ, за време на владеењето на партијата, не само што се вработија, туку и напредуваа во кариерите, благодарение на партиско – роднинската спрега.Додека беше директор, актуелниот пратеник Зоран Илиоски го вработи во Водовод својот брат, кој потоа стигна и до раководна позиција. Илиоски синот го вдоми во СВР, без објавување на јавен оглас, снаатa во УЈП која воедно веќе 3 години е на боледување, а сопругата во АЕК. Пратеничката Лилјана Кузмановска, го вработи синот во Водовод, а братот во Стрежево. Ова се само дел од “успесите” на пратениците од ВМРО – ДПМНЕ во годините додека беа на власт. Списокот е долг и многуброен.Но, и покрај обвинувањата за непотизам кои денес доаѓаат на адреса на СДСМ, мораме да потенцираме дека не сме сите исти. Голем дел од споменатите нововработени во јавноста, се повлекоа од работните места во знак на морална одговорност пред јавноста, чекор незамислив ниту тогаш, ниту сега за ВМРО – ДПМНЕ. За дел од вработените, Комисијата за спречување на корупција поведе постапки и СДСМ ќе ги почитува наодите кои оттаму ќе произлезат. Повторно, незамислив чекор за партијата која непотизмот го измисли и инсталира.Сепак, никогаш не е доцна да се покаже доблест. ВМРО – ДПМНЕ има шанса барем да одглумиевропска партија и да ги повика лицата за кои постои сомнеж дека незаслужено се вработиле, да се повлечат од своите работни места.Центар за КомуникацииО.О. СДСМ Битола

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*