Don't Miss
Home / Вести / Во Битола до 17 часот гласале 50 проценти од избирачите

Во Битола до 17 часот гласале 50 проценти од избирачите

На денешните претседателски избори во Битола до 17 часот гласале околу 50 отсто од избирачите запишани во единствениот Избирачки список. Ова за „Слободен печат“ го изјави претседателот на Општинската изборна комисија на Битола, Игор Талевски.

Според него, се очекува во попладневните часови да се зголеми излезноста, бидејќи во Битола, традиционално најголемиот број избирачи гласаат во попладневните часови.

Инаку, според портпаролката на СВР Битола, Сања Стаматова засега гласањето за првиот круг на претседателските избори се одвива во мирна атмосфера без никакви инциденти или нарушување на изборниот процес.

Според ОИК Битола, во градот под Пелистер право на глас имаат вкупно 77 илјади 419 избирачи запишани во Избирачкиот список.

Инаку, од сите општини во државата Битола е со најголем број избирачки места, 170.

Тоа е за 4.636 гласачи помалку од изборите за градоначалник во 2021 година.

Ваквото намалување на бројот на избирачи се должи на масовното заминување на битолчани во странство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*