Само до пред извесно време од Клиничката болница во Битола беше речено дека во градот под Пелистер нема повеќе заболени од Ковид 19 и затоа по затворањето на Модуларната болница беше затворено и Инфективното одделение, каде почна и реновирањето на санитарните јазли.
Но во последните денови се повеќе расте бројот на новите позитивни лица на Ковид 19, каде во некои денови има по неколку новозаболени лица.
Така само во вчерашниот ден биле констатирани нови 7 новозаболени лица , па сега бројот на позитивните на Ковид 19 во Битола изнесува дури 25.
Но ваквото драстично зголемување на бројот на новозаболените лица воопшто како да не ги загрижува здравствените и општинските власти.
Така во Битола секојдневно се одржуваат разни концерти, забави свадби и на кои ретко се почитуваат здравствените протоколи и на кои редовно присуствуваат повеќе гости и присутни од дозволениот број, а во кафулињата на Широк Сокак буквално врие од гости и каде со часови се чека да се ослободи некео столче.