Во Битола излезноста за изборите е неочекувано мошне висока. До 17 часот на гласање излегле над 66 отсто од гласачите.
Од вкупно 80. 259 регистрирани гласачи до 17 часот на гласање излегле вкупно 53.108 гласачи што е 66,23 отсто од гласачите.
Тоа е дури за над 10 проценти повеќе отколку на парламентарните избори во 2014 година, кога во истот период на гласање излегле 56,75 отсто од гласачите.
Инаку, според зборовите на претседателот на Општинската изборна комисија, Зоран Насев изборите во Битола се одвиваа(т )во фер, мирна и демократска атмосфера.
Се гласа на 170 избирачки места, од кои 159 се за листата кандидати во Петтата изборна единица, додека на 11 избирачки места се гласа за кандидатите во Четвртата изборна единица.
Б.В.