Don't Miss
Home / Вести / Во Битола одбележан 9 Мај- Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот

Во Битола одбележан 9 Мај- Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот

Во Битола денес се одбележува значаен историски датум со две големи значења-Денот на победата над фашизмот, како победа над разидувањето на народите и Денот на Европа, како симбол на здружување на народите.


По тој повод, градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски, делегација од Советот на Општина Битола, претставници на Сојузот на борци и претставници на политичките партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, Левица и ЗНАМ, положија свежо цвеќе на Споменикот на револуцијата на плоштадот „Гоце Делчев“.

Градоначалникот Коњановски, уште еднаш го истакна значењето на овој голем ден како незаборав за минатото, но, и како видлива европска иднина на нашата држава.

9 Мај во Битола се одбележува со повеќе културни и историски настани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*