Don't Miss
Home / Вести / Во Битола почина новороденче

Во Битола почина новороденче

               

        Во  Клиничката болница во Битола се случи  нова трагедија.

Мајка на 24 годишна возраст го изгуби своето новородено бебе.

        Според министерот за здравство Фатмир Меџити, кој по повод најновиот случај попладнево допатува  во Битола.

        Во врска со најновот случај министерот Меџити изјави:

Денеска сум во Битола по најновиот смртен случај за новороденче. Утре ќе испратиме од Државен  здравствен санитарен  инспекторат,  составен од  комисија од инспектори кои ке ги  утврдат  причините за смртта на новороденчето.

Станува збор за млада  мајка на возраст од 24 години на која ова требаше да и биде прво дете.

 Бебето по породувањето било живо и според извештаите кои ги видовме  било родено  со тахикардија и имало белодробно срцево оживување.

Тоа е се што во овој момент можам да кажам.

За причините за смртта   на новороднечето ќе можеме да кажеме поопширно откако комисијата ќе ги утврди причините за смртта, рече  министерот Меџити.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*