Don't Miss
Home / Вести / Невистини за работата на ЕСМ на ТВ Телма

Невистини за работата на ЕСМ на ТВ Телма

  

Во емисијата КОД, емитувана на Телевизија Телма на 09.04.2023 година, изнесени се повеќе невистини за работата на АД ЕСМ и начините на кои компанијата се справува со енергетската криза.  

АД ЕСМ спроведе постапка за набавка на мазут преку јавен повик за прибирање понуди од домашни фирми регистрирани за дејноста и лиценцирани во Р. Северна Македонија. Понудувачите на истиот требаше да достават податоци за нивната понуда во однос на пополнет образец на понуда со финансиски дел, изјава за исполнување на условите од тендерот, документација со која се докажува дека не постојат причини за исклучување од постапката, изјава дека во последните пет (5) години не ми е изречена правосилна судска пресуда, заверена и потпишана техничката спецификација и банкарска гаранција. Цената на мазутот ја определува Регулаторна комисија за енергетика. Јавниот повик за набавка на мазут го врши АД ЕСМ, реализацијата на договорот за испорака на мазут ја прави ТЕЦ Неготно, кој што произведува електрична енергија и истата согласно догворот за деловно техничка соработка ја дава на АД ЕСМ.

АД ЕСМ иако нема законска обврска и може да набави мазут без претходно објавена постапка, сепак истото го прави транспарентно и јавно. Ова се прави со цел да се најде добавувач кој ќе обезбеди најдобри услови и цена.

Производниот процес во ТЕЦ Неготино не се исклучи веднаш по промените на брзанските цени на електрична енергија, бидејќи ако беше потребно, враќањето во режим на работа ќе беше поскапо и е процес кој трае до 30 дена за постигнување полн капацитет, со сите операции за пуштање.

Електричната енергија што во ноќните часови од денот се јавува како вишок во електроенергетскиот систем на Република Северна Македонија, а е произведена во капацитетите на АД ЕСМ, ја продава фирмата ЕСМ Продажба ДООЕЛ Скопје.

Намерно или ненемерно, во производот на репортерот Огнен Чанчаревиќ, не се споменува дека се работи за НОЌНИ вишоци на електрична енергија, произведени во термоцентралите на АД ЕСМ во периодот од 2 часот по полноќ до 8 часот наутро. НОЌНИТЕ вишоци на електрична енергија се појавуваат заради задржување на стабилноста на термоелектраните кои не можат да работат под определен техничко – технолошки минимум на режим на работа.

Потенцираме дека на аукциите на ЕСМ Продажба продажба на ноќни вишоци енергија од 02 – 08 часот, може да се пријави секој субјект кој е на слободниот пазар: трговци, стопански субјекти, државни институции итн., доколку имаат потреба од електрична енергија во тие часови.

Дека АД ЕСМ работела во корист само за граѓаните говорат и фактите дека за 2022 година предвидено беше производството во однос на 2021 година да се зголеми за 20%, АД ЕСМ го зголеми за 26,7%, а од почетокот на 2023г до сега произведе 44% повеќе електрична енергија споредено со истиот период лани, а дури 61,8% повеќе од истиот период во 2021г. АД ЕСМ 2022 година ја заврши со добивка од скоро 41 милион евра. И што е најважно, во најголемата енергетска криза, АД ЕСМ обезбеди доволно електрична и топлинска енергија, ги стави фо функција сите капацитети и ја надминавме кризата без ниту еден ден рестрикции.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*