Home / Вести / (Не)транспарентност

(Не)транспарентност

        Левица и по 5 месеци нема одговор на прашањето колку изнесуваат договорите на фудбалерите и кошаркарите

Почитувана јавност, битолчани, љубители на спортот

Левица како автентичен застапник на граѓаните во Совет на Општина Битола смета дека работата на Советот, буџетот и распределбата на средствата треба да бидат јавно достапни и транспарентни. Токму затоа тоа е еден од нашите приоритети во овој мандат. Поради тоа, на 09.11.2022 година, испративме барање за пристап до информации од јавен карактер до ФК Пелистер и КК Пелистер за увид на сите договори на играчите и расходите на клубовите за 2021 и 2022 година.

Меѓутоа од клубовите и покрај тоа што законскиот рок е 30 дена, сѐ уште не добивме никаков одговор.

Од наши неофицијални извори добивме дел од платите на играчите во ФК Пелистер и ги објавуваме јавно, затоа што сметаме дека граѓаните треба да знаат каде се трошат нивните пари и напоменуваме информациите да ги земете со резерва. Пелистер е бренд и симбол на Битола и како таков заслужува да биде третиран професионално и транспарентно. Сведоци сме дека изминативе децении Пелистер е жртва на бизнис интересите на двете најголеми политички партии и често се наоѓал во безизлезни ситуации, оставени долгови кои подоцна општината треба да ги исплаќа со парите на граѓаните затоа што некои индивидуи ги злоупотребуваа своите функции во минатото.

Знаеме какво е чувствотото кога Пелистер во било кој спорт го гледаме понижуван, одново и одново и се надеваме дека конечно клубовите ќе работат транспарентно, бидејки одлеаните средства во нечии џебови во изминативе децении можеа да се искористат и пренаменат во младинските школи каде што дечињата од Битола ќе имаа директен бенефит.

Ги повикуваме ФК Пелистер да ги потврдат или демантираат овие плати со доставување на увид на информациите од јавен карактер и истото да го сторат КК Пелистер.

Редно време е битолчани да знаат каде се трошат нивните пари! Се вели во соопштението на  Левица испратено до нашата редакција

П.С. Порталот на Битолски весник ги поседува платните списоци но во овој момент нема да ги објавиме бидејки ги очекуваме и договорите на кошаркарите и фудбалерите како ракометарите

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*