Don't Miss
Home / Вести / Во Битола стапуваат на сила препораките и краткорочните мерки поради загадениот воздух

Во Битола стапуваат на сила препораките и краткорочните мерки поради загадениот воздух

Прагот за алармирање поради штетни ПМ10 честички во воздухот е надминат на мерно место во Битола, поради што во градот стапуваат на сила владините краткорочни препораки и мерки во случај на надминат праг, информираат од Министерството за животна средина.

– Согласно со Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух, во која е дефиниран прагот на алармирање (со надминување на вредноста на ПМ10 честички од 163 мг/м3 во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, информираме дека истиот е надминат на мерното место во Битола – Битола 2 – се наведува во соопштението.

Во него се додава дека на мерното место се регистрирани среднодневни концентрации на ПМ10 честички од 163.32 мг/м3 на 18 февруари и 179.36 мг/м3 на 19 февруари.

Препораките и мерките кои ќе се спроведуваат во однос на загадениот воздух, Владата ги усвои на седница на 28 ноември 2017 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*