Деновиве тимот на болницата за гинекологија и акушерство „Плодност“ Битола по лапароскопски пат изврши отстранување на матката со јајниците и лимфните жлезди во карлицата. Оваа сложена операција која за прв пат е изведена во гинекологијата извршена е кај пациентка на 52 годишна возраст, која боледувше од карцином на ендометриум на матка (серозен тип)
Од болницата Плодност во Битола уверуваат дека ваква обемна и сложена операција Total laparoscopic hysterectomy cum aortocaval and pelvic node dissection е прва операција од овој вид, направена во Македонија.
Оперативниот зафат траеше 3,5 часа. Пациентката истата вечер беше подвижна, а болницата ја напушти по три дена од оперативниот зафат, во одлична состојба.
-Бенефитите од овој оперативен зафат се многубројни: побрзо опоравување, помал губиток на крв, помала болка и поголем естетски ефект, бидејќи се избегнува огромниот хируршки рез на стомакот. Уште поголема предност на лапароскопскиот пристап е поегзактно и поефикасно препарирање на лимфните жлезди во однос на класичната хирургија. Со вадењето на парааорталните, паракавалните и пелвичните лимфни жлезди, се одредува поточно стадиумот на болеста., велат во Плодност.
Оперативниот тим, кој ја изведе досега лапароскопски најсложената операција во Македонија, го сочинуваа браќата д-р Христијан Трпчевски и д-р Синиша Трпчевски, анестезиологот д-р Филип Трајковски, медицинската сестра – инструментарка Билјана Стојковска-Наумовска, и медицинската сестра од анестезиологија, Ирена Стојановска.
Инаку да напоменеме Д-р Синиша Трпчевски е првиот македонски гинеколог кој работи роботска хирургија во Воена, Австрија.