Деновиве вест број еден во регионот е Хашкиот трибунал со доживотната осуда за Ратко Младик и 20-годишната осуда за Слободан Праљак и неговото самоубиство. Во оваа насока да го отворам прашањето, прво, за недостигот на правна основа на Хашкиот трибунал, и второ, судењата во Хаг се инверзија на злосторникот и жртвата.
Советот за безбедност на ОН на својата 3217-та седница од 25 мај 1993 ја усвои Резолуцијата 827 за основање Меѓународен кривичен трибунал за поранешна Југославија. Меѓутоа, меѓународно правно опсервирано изворот на судската надлежност може да биде само меѓународен договор, а не резолуција, како што тоа го има констатирано и генералниот секретар на ОН, Бутрос Бутрос Гали, во својот извештај до Советот за безбедност од 3 мај 1993.
Впрочем, актот со кој формално-правно беше фундиран и Нирнбершкиот кривичен трибунал по Втората светска војна, беше мултилатерален меѓународен договор.
Меѓутоа, во 1993 за првпат по Нирнбершкиот преседан, за поранешна Југославија беше одговорено со основање на меѓународен ад хок кривичен трибунал со резолуција, а не со меѓународен договор.
Затоа, може да се спори легалноста на овој т.н. трибунал поради недостигот од правна основа за неговото основање. Меѓународниот суд може да има авторитет ако актот за негово основање е донесен „легис артис„ и само ако е од општа природа. На Хашкиот трибунал му недостасуваат и двата елемента. Актот за основање е од индивидуална природа, а то значи дека е политички акт.
Се поставува и прашањето, зошто во изминатите 25 години Хашкиот трибунал не го искористи своето овластување од членот 96 од Повелбата на ОН да побара одобрение од Генералното собрание и да се обрати до Меѓународниот суд на правдата за советодавно мислење, дали Резолуцијата на Советот за безбедност со која беше основан овој т.н. суд, е во согласност со Повелбата на ОН или не? Меѓутоа, Хашкиот трибунал го направи спротивното, односно, си даде себе си за право сам да одлучува за тоа дали е воспоставен врз правна основа или не, и како што можесе да се очекува, заклучи дека е легален иако не значи дека тој заклучок е точен, ниту дека тој имаше право да донесе таков заклучок. Овој т.н. суд, како и ниеден друг суд, не е овластен сам да суди за својата легалност и неговата одлука по ова е правно безвредна.
Патем, судовите се овластени да одлучуваат за својата надлежност, за тоа дали се компетентни за одредено прашање или не, меѓутоа, прашањето на надлежноста на еден суд и прашањето на неговата легалност се две потполно одвоени прашања. Прашањето за легалноста е постаро во однос на прашањето за надлежноста, затоа што ако судот не е легален, тогаш прашањето за неговата надлезност е беспредметно.
Исто така, елементарниот правен принцип претпоставува еднаквост, па се поставува прашањето зошто не се формираат судови за сите војни кои се водат ширум светот, иако нема принципиелни причини, дека такво нешто со формирање на ад хок кривични трибунали, кога би било легално, би можело да се примени за сите војни. Оттука, Хашки трибунал претставува тешка дискриминација против југословенските републики и газење на конвенцијата за забрана на сите форми на дискриминација.
Распадот на СФРЈ беше проследен со крвави судири на етничка и религиозна основа, а силната медиумска кампања и измамата на светската јавност, со кршење на меѓународното право и Повелбата на ОН, доведе до инверзија на злосторникот и жртвата. Ова се гледа преку улогата на Германија во распадот на СФРЈ на начин што братските југословенски народи претходно ке се испотепаат помеѓу себе. Германија успеа да ја постави сцената за крвавото сценарио во услови кога внатрешните противречности во СФРЈ беа изострени до најпосакуваната можна мерка.
Имено, личности во државниот врв на Словенија и Хрватска во тоа време се поранешни дисиденти каде што ги поминуваа разузнавачките филтри за активности против СФРЈ. Во 1989, германската шпионска служба веке имала контрола врз републичките служби за државна безбедност на Словенија и Хрватска, иако овие формално се дел од југословенска служба. Одлуцувачкиот период запоцна со Клаус Кинкел на чело на германската шпионска служба, кој воспостави врски со усташката емиграција. На пример, клучните хрватски фактори кои работеа на разбивање на Југославија беа Јосип Манолик, Јосип Бољковац, Стипе Месик и Фрањо Туѓман. Месик својата улога ја потврди и на телевизија, каде што изјави дека идејата за разбивање на СФРЈ сакаше да им ја пренесе на оние кои имаат силно влијание врз нејзината судбина, односно, на Ханс Дитрих Геншер и Папата. Месик продолжи: „Со Геншер се состанав три пати. Тој ми овозможи контакт со Светата столица. Папата и Геншер се сложија со потполно разбивање на Југославија по секоја цена”.
Желбата на Германија по секоја цена да ја растури Југославија, подоцна ја потврдија и влијателни политичари во тоа време иако биле свесни за големото крвопролевање.
Пишува: Јанко Бачев Поранешниот американски државен секретар, Ворен Кристофер, на 18 јуни 1993 година во интервју за Ју-Ес-тудеј што го пренесе и германскиот Ди-велт, истакна дека Германија е главниот виновник за ескалацијата на југословенската криза, односно, во текот на целиот процес на признавањето, а пред се – за време на прераното признавање (на Словенија и Хрватска) беа сторени тешки грешки, за што особена одговорност носат Германците.
Поранешниот француски министер за надворешни работи, Ролан Дима, во изјава што ја пренесе Зидојче цајтунг од 21 јуни 1993 година, критикувајки ја ЕЗ поради признавањето на Словенија и Хрватска, укажа на избрзаниот и ненадеен начин, со што беше трасиран патот кон распадот на Југославија, а одговорноста на Германија и Ватикан за забрзување на кризата е очигледно енормна.
Уште еден непосреден учесник во овие случувања, тогашниот холандски премиер Руд Луберс, кој во 1997 година зборуваше за тоа дека германскиот канцелар Кол по пат на притисок го изменил ставот на ЕЗ дека не би требало да се признае независноста на Хрватска со цел да се избегне граѓанската војна, притоа уште додавајки: „Министерот за надворешни работи, Ван Ден Брук и јас, без разлика што и да правевме, сепак останатите Европејци можеа само да се чудат, но Германија самостојно реши докрај да ја истераат работата. Тоа беше катастрофално”.
Со еден збор, беше отворен патот за безумието а формирањето на Хашкиот трибунал беше со цел да се покријат натрупаните грешки на една политика на западот и да го оправдат злосторството бидејки постоеше заеднички злосторнички потфат преку здружените сили на сецеонистите од Германија и Ватикан, а потоа и од останатите земји на тогашната ЕЗ и САД.
Пишува: Јанко Бачев