Денот на независноста на Република Македонија, 8 Септемеври, вработените во германската компанија “Кромберг и Шуберт“ го одбележаа на невообичаен начин, со голема журка за сите вработени.
Поводот за прославата покрај големиот празник на Република Македонија беше вработувањето и на 2.000-тиот работник, кој беше вработен минатата недела.
Тоа е најдобриот подарок, со кој оваа германска компанија им го честита државниот празник на граѓаните на Битола и Република Македонија, 8 Септември, Денот на независноста.
По повод вработувањето на 2 илјадитиот работник, менаџментот на Компанијата за сите вработени, организира голема журка, која се одржа во кафе барот “Позитив“.
-Оваа забава е прекрасна можност вработените да се зближат, подобро запознаат и да се видат во едно друго светло надвор од работната атмосфера. Изминатите 2 години работевме многу и заедно започнавме една приказна која на сите ни значи многу. Имаме прекрасен тим од 2.000 луѓе кои се почитуваат, се грижат едни за други и за кои не постои нешто невозможно, истакна на прославата менаџментот на фабриката.
На денешната прослава тие си посакааа уште многу вакви успеси со надеж и ветување 8 ми Септември да стане традиција и секоја наредна година да се собираат во уште поголем број со нови причини за заедничко славење.
Инаку двеилјадиот работник во “Кромберг и Шуберт“ беше вработен минатата недела, кога беа во ист ден беа вработени 80 нови работници.
Во “Кромберг и Шуберт“ моментно работат 2.000 работници со тенденција нивниот број постојано да се зголемува.
Според развојните планови на менаџментот на фабриката до крајот на оваа година треба да се вработат уште 200 до 300 нови работници, со цел нивниот број до крајот на идната година да се искачи на вкупно 3.000 работници.
Моментно фабриката работи на проекти за светски познатите брендови “ауди”,”бмв”“мерцедес”“мини морис”
Инаку “Кромберг и Шуберт” е германска фамилијарна компанија од автомобилската индустрија која има успешна историја и развој повеќе од 110 години. “Кромберг и Шуберт” денес е еден од светските лидери за производство на кабелски инсталации, пластична технологија и мехатроник, која има 27 илјади вработени во 22 фабрики во светот.
Б.В.