Don't Miss
Home / Вести / Во Србија нема повеќе домашна изолација

Во Србија нема повеќе домашна изолација

Пациентите во Србија кај кои е потврдено дека се позитивни на ковид-19 веќе нема да можат да се лечат во домашна изолација, пренесува „Вечерње новости“.

Локалните самоуправи се должни да постапат по овие инструкции добиени од Министерството за здравје и од институтот „Д-р Милан Јовановиќ Батут“.

– Според одлуката на владата тоа се однесува на сите дијагностицирани со ковид-19. Причината за вака значајна одлука е двојна: прво, пациентите со докажан ковид-19 можат да ги заразат членовите на семејството во домот и опкружувањето, а втора е непредвидливоста на самата болест односно можноста да дојде до нагло влошување на состојбата и да доведе до загрозување на животот на пациентот – вели д-р Верица Јовановиќ, директор на „Батут“.

Позитивните на ковид-19 според усвоените протоколи се упатуват исклучиво во болниците за коронавирус според територијалната дистрибуција: Белградскиот саем за Белград, „Чаир“ во Ниш и Новосадскиот саем за Нови Сад.

Одлуката се однесува на сите дијагностицирани што не се хоспитализирани, но нејзиното спроведување ќе се приспособува според времето на поставување на дијагнозата и здравствената состојба на секој заразен.

Кога се во прашање дијагностицирани случаи, ќе се постапува во завиност од тоа колку време поминало од дијагнозата. Ако поминале 12-14 дена и два теста на растојание од 24 до 48 часа бидат негативни, лицето се смета за излечено, но мора да остане во самоизолација.

Тие што сѐ уште не го исполнуваат критериумот за повторно тестирање мора да прејдат во привремените болници за ковид-19, кои се за полесни пациенти, но секој упатен таму оди прво во тријажен центар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*