Home / Вести / Вонредна дезинсекција против комарците

Вонредна дезинсекција против комарците

       

        Центарот за јавно здравје во Битола за понеделник  17 мај најави вонредна превентивна дезинсекција за уништвање на комарците.

        Ваквата вонредна дезинсекција се прави поради неповолните временски и климатски услови кои придонесуваат за значителен  пораст на  комарците во  Општина Битола.

      Центарот за јавно здравје од Битола ќе преземе вонредни мерки со кои би се превенирале последиците од зголемениот број на вектори.

         Запрашувањето, ќе се врши во периодот од 20:00 часот до 24:00 часот или во зависност од временските услови, во раните утрински часови во термин од 04:00 часот до 07:00 часот, со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап-возило.

       Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини и делови со густа вегетација во потесното градско подрачје во Битола, Градскиот парк, месноста Тумбе кафе и потегот над Касарната, велат од Центарот за јавно здравјеБитола. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*