Home / Вести / Врачено признанието за Итната медицинска помош

Врачено признанието за Итната медицинска помош

        Денеска,  сопстевникот, главен и одговорен уредник на Битолски весник, Менде Младеновски им го врачи признанието на Итната медицинска помош, кое  оваа служба го доби во рамките на Манифестацијата “ Избираме најуспешни битолчани за 2019 год“.

        Поради ангажираноста околу справувањето со пандемијата и почитувањето на препораките од Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство, Итната медицинска помош не можеа да присуствуваат на свеченото врачување  на признанијата во Центарот за култура, што се одржа во септември.

        Денеска во договор со директорката  на Домот Д-р Хаим Абраванел, Весна Спиркоска и началникот на Итната медицинска помош Зоран Трајковски  и добар дел од вработените во Службата  за Итна медицинска помош им беше врачено ова високо признание на Битолски весник.

        Инаку Итната медицинска помош признанието го доби  во  областа на здравството за успесите кои ги постигна во минатата година.

        Да потсетиме во 2019 година Итната медицинска помош ги реновира сите работни простории, изградени беа нови санитарни јазли, набавен  е нов стоматолошки стол, нови ЕХГ апарати, ново санитарно возило,  комлетно нов медицнски мебел, нов диспечерски систем, специјални колички за тарнспорт, а комплетно се (пре)уредени ходниците во Службата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*