Како што се интезивира изборната кампања така се зголемува нетрпеливоста во Општинската аминистрација во Битола.
Иако Талески се обидува да заведе ред, сепак веке и тој ја изгуби силата, па од извори блиски на Битолски весник повеке во локалната самоуправа никој него не го почитува.
Сега многумина кои се опфатени со истрагите на СЈО и Основното јавно обвинтелство ја пуштиле душата и отворено зборуваат за криминалот во општината.
Имено во белата куќа на Битола отворено се посочуваат имиња на раководни лица, посебно на неколкумина кои работеле во секторот на урбанизмот и комуналните дејности и ги воделе финансиите и тендерите, дека во изминатите години стекнале такво богатство кое се мери со милиони евра.
Незадоволни од владеењето на Талески тие денеска во нашата редакција дури ни ги посочија имињата на лугето блиски на Талески, кои од јавните набавки, продавањето парцели и маркици, изработка на проекти, кои никогаш не се направиле и немало да се направат, како и други бизниси создале огромно богатство, а пред само неколку години кога се вработиле во Општината дошле како социјални случаи.
Сега кога нив зад петици им е СЈО и Основното јавно обвинтелство отвореноз борувале дека тандемот Талески – Бончановски ги зел на душа многумина, а отворено против нивното самоволие ни зборуваа и некои директори на училишта кои повеке немаат намера да молчат, туку отворено да проговорат за начинот на кои тие заглавиле во “Транспортер“
Некои од раководните лица, блиски на Талески купиле по неколку станови, во Битола и Скопје, изградиле куки, а некои дури и станбени згради со по дваесетина станови, велат нашите извори.
Сите тие им се добро познати на вработените во општината, но досега никој не се обидувал да проговори за тоа зашто двоецот Талески-Бончановски веднаш ги санкционирал.