Иако засега нема официјална потврда сепак според добро информирани извори на Битолски весник, Владата предводена од премиерот Зоран Заев, вторник, 15 октомври ќе одржи седница на Владата во Битола.
Ова ќе биде прв пат Владата да одржува седница надвор од Скопје и тоа во Битола.
На дневен ред на седницата на Владата ќе се најдат голем број точки, а сигурно ќе има точки поврзани со Битола.