Home / Вести / Второ место за Новаци на Манифестацијата “ Силата на бабата “

Второ место за Новаци на Манифестацијата “ Силата на бабата “

           

Здружението „ Силата на бабата“ од Новаци, предводена од Верка Котевска, кое учествуваше на традиционалната манифестација „ Зелникот на бабата 2022 “ во Пробиштип постигна голем успех, освојувајки го второто место.

Котевска се закити со сребрен медал за  најдобро направен зелник.

По повод големиот успех на членовите на Здружението “ Силата на бабата “ денеска учесниците на Манифестацијата ги прими градоначалникот Стевче Стевановски.

-Традицијата е белег на една култура во едно време. Белег на кој се темелат корените на еден народ. Навиките се менуваат но традицијата е таа што трае и се пренесува од колено на колено. Здружението „Силата на баба“ од Новаци со своите членки и своите активности се грижи таа традицијата да се презентира, да се зачува и да се пренеси на идните поколенија.Општина Новаци секогаш ќе стои зад било кој жител или Здружение кое не промовира и е еден вид наш амбасадор, изјави градоначалникот на Новаци, Стевче Стевановски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*