Don't Miss
Home / Вести / Вучиќ за протестите на студентите: Ако не им пречи на нивните професори не ми пречи ни мене

Вучиќ за протестите на студентите: Ако не им пречи на нивните професори не ми пречи ни мене

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ даде изјава дека нема никаков проблем со блокадата и протестите на студентите, бидејќи тоа не им пречело на нивните професори, а не му пречело ниту него, пренесе српскиот медиум „Данас“.

Вучиќ изјави дека нема намера никого да спречи во текот на протестите и блокадите и дека има надлежни органи кои се занимаваат со тоа.

Вие мислите дека ќе ги запрам студентите на блокадите на ректоратот, на деканатот и не знам зошто. Зошто би го направил тоа? Зошто би ми прелече овие работи? Единствено што може да ми пречи е тоа што ќе доцнат во студиите и во образовните програми. Ако тоа не им пречи на нивните професори, бидејќи и тие станаа револуционери и мислат дека треба да се вратат 30 години наназад за да можат некому да му ласкаат, јас немам проблем со тоа, изјави Вучиќ.

Тој зборуваше и за барањата на студентите.

Дали знаете кои се причините денес, знам, прочитав три. Едната е сите да бидат ослободени, сите да бидат ослободени, иако ова беше барање на обвинителството и судските органи, а не за политичарите. Рекоа дека документацијата исчезна, ја бараме целата документација, но ова е ноторна лага, ниту една документација не исчезнала, целосната документација е на располагање на српското обвинителство, додаде Вучиќ.

Студентските блокади на факултетите почнаа пред нешто повеќе од две недели, а оттогаш секојдневно се приклучуваат нови факултети низ Србија.

Студентите на сите блокирани факултети бараат, објавување на комплетната документација за реконструкција на Железничката станица во Нови Сад, инсистираат на транспарентност и достапност на документацијата до пошироката јавност.

Отфрлање на обвиненијата за колегите приведени на протестот, бараат ослободување на нивните колеги кои беа приведени на протестот, но и кривична пријава за лицата кои ги нападнаа студентите и професорите на ФДУ.

Извор Мета.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*