Don't Miss
Home / Македонија / За 100 дена реализирани 116 проекти а 545 почнати да се реализираат

За 100 дена реализирани 116 проекти а 545 почнати да се реализираат

-За само 100 дена целосно реализиравме 116 проекти од вкупниот број предвидени во програмата, а други 554 проекти почнаа да се рализираат и се во тек. Тоа се вкупно 670 проекти што се целосно спроведени или во тек е нивна реализација, рече премиерот Никола Груевски во отчетот за сработеното во првите 100 дена од работата на владиниот кабинет.

Дополнително, додаде, се спроведуваат 161 проект што не беа предвидени со програмата.
Според Груевски, отчетот е резултат на проекти од конкретна програма со конкретни рокови за конкретни дела и чекори со конкретен буџет за реализација.

– Детално, прецизно, темелно и одговорно токму како што граѓаните очекуваат и не е случајно што во конктинуитет ни ја даваат довербата, рече Груевски.

Во изминатиот период, посочи, работевме многу, со жестоко темпо на работа, а во спроведувањето на програмата беа вклучени илјадници луѓе на сите нивоа.

Во економијата и покрај предизвиците и последиците од европската економија постигнавме највисок економски резултат, најголем раст на економијата во Европа во првите 6 месеци, кој е движен од високите капитални инвестиции на Буџетот и од извозот на фирмите во ТИЗР-овите и во индустриските зони.

– Во вториот кварт од 2014 имаме раст на БДП од 4,3 отсто, а во првиот квартал од 3,5 отсто. Во овој период интензивно се реализираат крупни инфраструктурни проекти во патната инфраструткура, железничката инфраструктура, во образованието, во здравството, енергетиката и во други области. Мерките што ги презедовме ја постигнаа целта и обезбедија работа за градежништвто и на други 20 индустриски гранки, рече Груевски.

Според него, со проектите и мерките на Владата, во Македонија во континуитет се намалува невработеноста, чиј износ се намали на 28,2 проценти, а една од најуспешните е политиката на привлекување странски инвестиции. Македонија, нагласи, и натаму останува земја со најниски даноци, обезбедува поддршка за домашните компании.

Наспроти одлуките на останатите влади, оваа Влада, посочи Груевски донесе одлука за зголемување на платите, пензиите, социјалната помош.

Во делот на инфраструктурата ова е период кога како никогаш порано интензивно се работи на изградба на три автопатски делници, Демир Капија Смоквица, Миладиновци – Штип, Кичево – Охрид, рече Груевски.
Стратешки приоритет и интерес на Македонија, истакна, остануваат евроатлантските интеграции.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*