Старо – новиот премиер Зоран Заев денеска изјави дека учебната година најверојатно ќе почне на 1 октомври.
„Школската година нема да почне на 1 септември. Тенденцијата на подготовките поради здравствените протоколи ја носат работата тоа да биде на 1 октомври. На првата владина седница ќе биде донесена одлука, а ќе следуваат и законски измени“, изјави Заев.