Don't Miss
Home / Uncategorized / Заев: Во јуни почеток на преговори за ЕУ

Заев: Во јуни почеток на преговори за ЕУ

Премиерот, Зоран Заев, очекува до јуни 2018 година Македонија да добие датум за почеток на пристапните преговори со Европската унија. На денешниот економски форум „Дијалог за иднината 2017“ кој што се одржува во Виена, Заев порача дека Македонија треба да ја искористи шансата која ќе и биде пружена во средината на следната година.

„Стратегијата за ЕУ проширување којашто ќе биде најавена од претседателот Јункер во февруари, 2018 година и Самитот на Западен Балкан во Софија, мај 2018 година се круцијални за осигурување на европската иднина за Македонија. Очекуваме јасен патоказ за пристапниот процес на Македонија. Ниту една од земјите не треба да биде оставена. Прв клучен чекор треба да биде датум за почеток на пристапните преговори до јуни 2018 година врз основа на резултатите што ќе ги постигнеме во реформскиот процес преку спроведување на реформскиот план 3-6-9“, рече тој.

Премиерот Заев дополни дека Европската Унија е најголемиот инвеститор во Република Македонија со кој имаме најголема економска размена, и дека правецот во кој ќе се движат предвидените реформи се согласно европските пракси, политики и стандарди.

„Нашата влада покажа силна мотивација и заложба да ги исполни критериумите за членство во Европската Унија, да ги спроведе потребните реформи и да ги затвори отворените прашања. Видливи се и потврдени првите резултати од реформскиот процес, имавме фер, слободни демократски локални избори, подготвени се реформите за медиумите и отворени за дебата, исклучително важните реформи во судството се најавени и ќе бидат имплементирани според препораките на експертската група предводена од г-динот Рајнхард Прибе, министерството за финансии работи на воспоставување транспарентно долгорочно буџетирање и многу други реформски процеси се во тек“,нагласи премиерот.

Пред присутните гости и учесници на форумот, премиерот Заев особено ја нагласи определбата на владата да гради добрососедски релации и регионална соработка како врвен приоритет и стратешка цел во процесот на европските интеграции на земјата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*