Don't Miss
Home / Градска хроника / Започна санирањето на полските патишта во општина Новаци

Започна санирањето на полските патишта во општина Новаци

 

Започна санирањето на полските патишта на територијата на општина Новаци кои не беа реализирани согласно програмата за реконструкција и одржување на полски патишта на територијата на оваа локална самоуправа за  2015 година.

-Со подобрувањето на временските услови започнавме со досанирање и реконструкција на полските патишта на територијата на општина Новаци кои беа предвидени со програмата за 2015 година. Имено со овој документ беше предвидено да бидат опфатени полските патишта во 14 села и тоа: Горно И долно Агларци, Далбеговци, Новаци, Добромири, Рибарци, Гнеотино, Брод, Живојно, Бач, Гермијан, Арматуш, Мегленци и Долно Орехово- рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Вкупната вредност на овие градежни работи изнесува  околу 6 милиони денари а средствата се обезбедени од Буџетот на општина Новаци.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*