Don't Miss
Home / Спорт / Завршен натпревар на “А“ лигата во Битола

Завршен натпревар на “А“ лигата во Битола

Во организација на Федерацијата за гимнастички спортови на Македонија, во саботата, во Битола, се одржа завршниот натпревар во гимнастика за сите категории во “А” лигата. На натпреварот зедоа учество над 40 гимнастичарки и гимнастичари кои се сметаат моментно за најдобри во Македонија.
Интересни борби се водеа во сите категроии од најмладите до сениорите. Од она што беше прикажано на натпреварот јасно можеше да се види дека гимнастичарите напредуваат и дека на поводок е нова генерација талентирани гимнастичари кои во следната година ќе се обидат на излезат на меѓународна сцена и таму да ги покажат вистинските вредности.
Како што истакна претседателот на ФГСМ, Љупчо Арнаудов, паузата од неколку месеци ќе биде искористена за воспоставување на нови односи во гимнастиката во Македонија.

Ќе се работи на подготвување на правилници за учество во “А” и “Б” лигата, обезбедување услови и во другите градови, консолидација на судискиот кадар и за активирање на техничкиог комитет којшто има за задача да работи на планот на унапредувањето на гимнастика со внесување новини од светската гимнастика.

За еден месец ќе се прогласат најуспешните гимнастичари во Македонија.

 

 

С.Р.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*