Don't Miss
Home / Култура / Заврши Пијанофест фестивалот

Заврши Пијанофест фестивалот

Posted by: Битолски Весник in Култура 2 days ago 0 19 Views

Изминатите денови во Битола беше празник на музиката.

Се одржа Меѓународниот натпревар по пијано ПИЈАНОФЕСТ кој оваа година се одржа од 10 ти до 12 јуни. Оваа година по 4 ти пат беше реализиран овој успешен натпревар кој испиша нова страница од своето постоење, а се одржа  во Палатата на културата – Офицерскиот Дом – Битола, во една од најубавите и најакустични сала во Р.Македонија и пошироко. Во изминатите три денови настапија околку осумдесет учесници од Македонија, Албанија, Србија, Косово, Турција, Црна Гора и Бугарија.

Учесниците ги изведуваа композициите на прекрасното концертно пијано “Bosendorfer”, кое недоамна беше префрлено од Битолскиот Завод и Музеј. На отварањето присутните ги поздрави градоначалникот на Општина Битола, Д-р Тони Коњановски, а фестивалот започна со концертот на Гоце Златев.

На натпреварот беше доделена и парична награда за лауреатот со што се дава еден вид на поддршка на младите музички таленти кои само што зачекоруваат на музичките подиуми а кои еден ден ќе бидат наша гордост и ќе не претставуваат во светот. Истата ја понесе Лара Арбајтер ( Србија ). 

Натпреварот беше во организација на здружението на пијанисти и музички педагози ПИЈАНО од Битола, со поддршка од Министерството за култура и Општина Битола како и во соработка со ЈОУ. Културен и Информативен центар – Битола

„Секоја отсвирена нота изминативе 3 дена ќе остане еден спомен. Спомен кој што кога музиката ќе прекине, останува да живее во нашите срца. Од име на организацијата на “Пијанофест” се заблагодаруваме на нашата беспрекорна жири комисија, нашите поддржувачи, на Државното музичко училиште од Битола за соработката. Благодарност до сите натпреварувачи, професори, родители, пијанисти и педагози кои беа дел од оваа наша успешна приказна. Честитки за сите. Се гледаме повторно следната година“, истакнаа професорките Марија Шамоска Буџаковски и Јана Четелева Белевска.

Реномираната жири комисија оваа година беше во состав: Драгомир Братиќ (Србија ), Кристина Петролари Ласо ( Албанија ), Дино Имери ( Македонија ) и Лилјана Вукелија ( Србија ).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*