Don't Miss
Home / Култура / Здружението за македонско-германско пријателство и соработка Битола го одбележа полнолетството

Здружението за македонско-германско пријателство и соработка Битола го одбележа полнолетството

Здружението за македонско-германско пријателство и соработка Битола го одбележа 18 годишното постоење. Претседателката на здружението д-р Валентина Илиева, која од неодамна е и почесен конзул на Република Австрија во Македонија, истакна дека на почетокот пред 18 години здружението броело 80 членови.

Денес, ова здружение брои 450 членови кои на различен начин помогнаа за одрживање на 191 настан – изложби, предавања, концерти, семинари, литературни читања, театарски претстави итн.

20141121_194135

На овој начин во 18 годишното постоење е исполнета основната цел на Здружението за македонско-германско пријателство и соработка Битола – презентирање на германската култура и јазик во Битола и во целата земја и презентирање на македонската култура и јазик во СР Германија.

Jубилејот беше одбележан со концерт на битолските “Ѕвончиња“ на кој изведоа 11 детски песни, кои ги пеат децата во Германија, Австрија и Швајцарија.

И овојпат тие измамија голем алпауз од присутните во преполната сала, затоа што со својата детска песна и игра, на крајот на последната композиција и легнаа на едно над едно дете, драматизирајќи сон на сцената.

На крајот сите дечиња добија по една шоља со бомбончиња во знак на сеќавање и благодарност за овој прекрасен концерт од страна на Здружението за македонско-германско пријателство и соработка Битола.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*